Достапни линкови

logo-print

Ако нема промена на уставното име не е потребен референдум, категоричен Слободан Чашуле


Во очекување на посетата на специјалниот пратеник на Обединетите Нации, Метју Нимиц во текот на неделава во Скопје, македонскиот државен врв останува на позицијата дека Македонија останува активен учесник во преговорите со Грција и оти нема да прифати име со кое би можело да го загрози македонскиот идентитет. Што може да се очекува од средбата со Нимиц, ќе биде познато по враќањето на македонскиот преговарач Никола Димитров, откако тој ќе поднесе извештај околу тоа за што било разговарано со медијаторот Нимиц во Њујорк.

Претседателот Бранко Црвенковски вчера изјави дека Македонија е подготвена
да преговара во изнаоѓање фер решение, но не е подготвена да прифати диктат.
Според македонскиот претседател, решението се однесува на име за меѓународна употреба, а не предлог кој задира во уставното уредување на земјата.
На партиска конвенција на коалицијата За подобра Македонија, вчера премиерот Груевски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се согласи со промена на Уставот, со цел промена на уставбото име и оти ннема да прифати какво било име или компромис без претходно за тоа да се изјаснат граѓаните на референдум. Дипломатски извори посочуваат дека ваквите навидум различни изјави не зборуваат за скриено сценарио во преговорите околу евентуална промена на Уставот, односно на уставното име.

„Нема суштествена разлика меѓу ставот на претседателот и премиерот. Премиерот Груевски истото го зборува со таа разлика што тој заради изборниот шум мора да се осврне кон она што граѓаните во овој момент, заради икс причини, од кои најсилна е манипулацијата на одредени структури кај нас кои работат на таа српско – грчка трансферзала за осакатување на нашата дражава тој мораше да каже дека не прифаќа промена на Уставот,“

изјави аналитичарот Слободан Чашуле

Според него нема потреба од референдум доколку се промени името за меѓународна употреба, односно доколку референцата ПЈРМ се замени со друго
име.

„Уставното име ако не го менуваме не ни треба референдум. Не гледам зошто треба да се оди на референдум за да ја замениме референцата со друг, далеку поблагопријатен и подобар предлог кој во себе ја содржи и гаранцијата на уставното име, тоа е Република Македонија.“
XS
SM
MD
LG