Достапни линкови

logo-print

Скопје: Конвенција на коалицијата „За подобра Македонија“


Под слоганот „Македонија знае! преродбата продолжува“ Коалицијата „За подобра Македонија“ составена од 20 партии предводени од ВМРО-ДПМНЕ на изборната конвенција во Скопје ги претстави своите 120 кандидати за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори. Изборите во демократијата се празник, празник кога победува волјата на народот и се мери и одмерува ветеното со стореното, и оној што победеува се здобива со честа да води и со одговорноста да остварува тоа што го ветил. Предвремените избори се случуваат за прв пат во нашата татковина можеби заради историскиот момент, но најмногу заради храброста на една владеачка партија, и другите коалициски партнери со неа, која се реши да го провери своето работење пред своите граѓани, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. На конвенцијата освен Груевски се обратија и носителите на листите во шестте изборни единици - Гордана Јанкулоска, Антонио Милошоски, Зоран Ставрески, Владимир Ѓорчев и Трајко Славески, како и претседателите на партиите од кои е составена Коалицијата „За подобра Македонија“.
XS
SM
MD
LG