Достапни линкови

Багдад: Четворица американски и двајца грузиски војници загинале во Ирак


Четворица американски и двајца грузиски војници загинале во петокот во одделни инциденти во Ирак- соопштија војските на двете земји. Американските војници загинале откако нивното возило налетало на бомба поставена на патот во провинцијата Амбар, а возилото на Грузијците го погодила експлозивна направа во близина на Багдад. Ова е прва загуба на грузиската војска откако Грузија испрати свои војници во 2003 година.
XS
SM
MD
LG