Достапни линкови

Не се очекуваат големи промени во однос на претходните избори, велат политиколизите


Не се очекува голема промена во однос на претходните избори ако се гледа на програмите со кои политичките партии ќе настапат на претстојните избори. Ако се земе предвид сегашната ситуација во која се најде македонија по самитот во Букурешт, граѓаните пак ќе инмаат и нови очекувања кои веројатно ќе се излезат и надвор од сферата на економија, проценуваат некои политиколози во земјава. Се наметнува очекувањето од политичките партии да кажат какво генерално решение за решавање на спорот за името и понатамошните наши европски и евроатлантски интеграции можат да понудат.Сепак оваа понуда не можат да ја очекуваат во партиските програми кои воглавно не отстапуваат од она што веќе сме го виделе.

„Сметам дека повторно ќе се адресираат земјоделците како критична тема, ќе се адресираат маргинализирани групи, да речеме здравство, тоа е една истапкана стаза, не само за последните избори, туку тие некои главни разлики кои се јавуваат меѓу левицата и десницата на оперативно и идеолошко ниво, веќе условно кажано се стандардизирани, така што само мислам дека ќе се адресираат прашањата кои се однесуваат на ново настанатите околности,“

вели политкологот Ненад Марковиќ.

Бидејќи и објективно како жива материја новата ситуација во која Македонија се најде по самитот во Букурешт нема да може да биде многу детерминарана во програмите, смета Марковиќ тоа ќе биде повеќе резервирана тема за митинзите, дуелите и се што ќе биде дел од кампањата. Аналитилчарот Ризван Сулејмани смета пак дека сите програми па и економските, и безбедносните треба да претрпат прилагодување на новонастанатата ситуација затоа што сите се базираат и се потпираат на главниот проект – Европска Унија и НАТО.

„Република Македонија јасно е дека доцни и понатаму ќе доцни во евро интеграциите, се поставува прашањето на која основа ќе бидат тие програми политички.“

Кај албанскиот блок владее тотална конфузија и нема ништо ново освен тоа што прашањата спомеувани во контекст на мајскиот или таканаречениот мартовски договор се главната понуда од страна на двете најголеми партии на Албанците во Македонија. Албанскиот електорат има сепак и други барања, анализира Сулејмани.

„Политичка битка меѓу Албанците не се води во нормални услови, затоа што имаат исти прашања, само е прашање дали се мои или твои. Тоа не може да развива и покреативни програми,“

вели Сулејмани според кого анализирајќи ги програмите за претстојните избори политичките партии во Македонија не го гледаат крстопатот во кој се наоѓа земјава кој вели по правило не значи и изгубен пат туку потреба од понуда на алтернативи.
XS
SM
MD
LG