Достапни линкови

logo-print

Потребна е заедничка борба за справување со предизвиците, сметаат експертите


Интеграција и можности за посилна и поконкурентна економија. Енергетски перспективи и предизвици e темата на денешната плeнарна сесија на Самитот на претседатели од Централна Европа кој се одржува во Охрид. За ова тема Експертите велат дека светот се соочува со неколку предизвици на полето на енергетиката. Професорот Константин Димитров вели дека со зголемувањето на потребите за развој на неразвиените земји се зголемува и потребата од поголема потрошувачка на енергија.

„Со зголемување на бројот на жители на планетата Земја се зголемува потребата за енергија, што предизвикува глад за енергија, и јасно со тоа и зголемување на цената. Предизвик е како да се соочиме со таквото секојдневно зголемување на цената на енергијата во светски рамки. Тоа е првиот елемент. Вториот елемент за тоа да се надмине зголемената примена на трајни енергетски извори, сонце, ветар, со кои што може да се помогне и на сопствениот буџет и на државата,“

објаснува Димитров и додава дека државите можат да одговорат на овие предизвици,само доколку се интегрираат хуманите капацитети.

„Ако се работи разединето тоа не може да се оствари. Европа намалува потрошувачка, а ако и ние во Македонија направиме законски акти и директиви ќе намалиме зависност од увоз.“

Од овие предизвици, највеке страдаат земјите кои што увезуваат енергенси, посочува економистот Зоран Ивановски. Според него глобалната криза во енергетиката во овие земји ке предизвика зголемување на цените на домашниот пазар.

„Глобална криза е во светот на полето на енергетиката кое се пресликува директно на порастот на цената на енергенсите. Тоа е на пример, за земја каква што е нашата, каде што увозот на нафта и деривати зема значаен дел ќе предизвика и директно покачување на цените на домашниот пазар. Земјите пак кои се нето извознички на енергенси ќе успеат да остварат и екстра профит.“

вели Ивановски и додава

„На полето на производство на електрична енергија не е секаде иста состојбата. Србија има сопствени капацитети и добро се снаоѓа, Албанија е во уште полоша состојба од Македонија. Бугарија по затворањето на Козлодуј исто така се соочува со недостаток од енергија.“
XS
SM
MD
LG