Достапни линкови

Њујорк: Средба на Метју Нимиц со грчкиот преговарач Василакис


Медијаторот Метју Нимиц по дводневните консултации со македонскиот преговарач за името Никола Димитров, денеска во Њујорк ќе се сретне и со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.
На оваа рунда, како што е најавено, Нимиц нема да даде нов предлог, туку во зависност од резултатите од консултациите, треба да изготви нова рамка за изнаоѓање решение за проблемот. По консултациите во Њујорк, Нимиц во следната недела повторно доаѓа во Скопје и во Атина.
XS
SM
MD
LG