Достапни линкови

Тбилиси: Саакашвили побара помош од меѓународната заедница околу тензиите со Русија


Грузискиот претседател Михаел Саакашвили побара помош од меѓународната заедница околу растечките тензии меѓу Тбилиси и Москва. До ова дојде откако руското минситерство за одбрана соопшти дека вчера распореди дополнителни руски мировни сили во грузискиот сепаратистички регион Абхазија. Ваквиот потег на Москва Сакаашвили го оцени за многу опасен. Москва пак, објасни дека морала да испрати дополнителни сили како одговор на грузиското распоредување војници во близина на Абхазија.
XS
SM
MD
LG