Достапни линкови

Лондон: САД сакаат да се уверат дека не се вложуваат напори за поделба на Косово, изјави Рајс


Американската државна секретарка Кондолиза Рајс најави дека на денешните средби со европските партнери во Лондон ќе разговара и за опасноста од поделба на Косово.,,Сакаме да се увериме дека не се вложуваат напори во правец на поделба на Косово, изјави Рајс на патот до Лондон каде што денеска ќе се одржат неколку состаноци на блискоисточната четворка, Европската унија, Соединетите Држави, Обединетите нации и Русија.
XS
SM
MD
LG