Достапни линкови

logo-print

НАТО и ЕУ клучни стратешки определби


Клучни стратешки определби на нашата држава се зачленувањето во НАТО и во Европската Унија и во исполнувањето на овие цели во изминативе години потрошивме многу напор и енергија рече на отварањето на самитот во охрид претседателот Бранко Црвенсковски Укажувајќи уште еднаш на апсурдноста на македонско-грчкиот спор за името и неговото наметнување како пречка што македонија не стана дел Алијансата на самитот во Букурешт, Црвенковки предупреди на можноста оваа како што ја нареше неевропска логика да се наметне во нашето напредување кон Европската Унија тој порача форсирањето на тесните индивидуални инреси на одделни земји наспроти заедничката визија за Европа без нови линии на поделба можат сериозно да ги проблематизираат тешко стекнатите придобивки и додаде

„Република Македонија е заинтересирана повеќе од било кој друг спорот околу името со соседна Грција да биде разрешен. Нашата подготвеност за компромис ја демонстриравме на најдиректен начин и пред Самитот во Букурешт, кога го прифативме предлогот поднесен од медијаторот во спорот Метју Нимиц. За жал, тој предлог Грција го одби. И денес остануваме посветени на конструктивното учество во преговорите за наоѓање на решение на овој спор. Република Македонија е подготвена за фер решение. Меѓутоа, Република Македонија не е подготвена да прифати нечиј едностран диктат, некој друг по своја и само по своја волја да го одреди името за меѓународна употреба на нашата земја,“

изјави домаќинот на самитот на перетседатели од Централна Европа кој се оджува во Охрид, претседателот Бранко Црвенковски.

На самитот во Охрид беше поканет и премиерот Груевски со цел, меѓу другото да се демонстрира единството на државното раководство околу наметнатиот грчки спор за името.

„Нашата црвста европска и евро атланстка определба ја демонстрираме и ја демонстриравме преку спроведување на низа реформи во одбраната, во економијата, во правосудството, образованието, земјоделието. Преку усогласување на легислативата со европските директиви и со доследното исполнување на преземените меѓународни обврски,“

изјави премиерот Груевски.

Главна тема на утрешниот дел од самитот ќе бидат енергетските проблеми со кои се соочува регионот и Европа.

Самитот што ќе се одржи денеска и утре во Охрид се смета за најголем собир одржан до сега во нашава земја од осамостојувањето. На собирот кој има неформален карактер ќе учествуваат 16 претседатели на држави од кои 11 се членки на ЕУ и на НАТО. Романија и Италија ќе бидат претставени на ниво на амбасадори. Специјален гостин на самитот е претседателот на Турција, Абдула Ѓул кој вчера допатува во земјава во повеќедневна официјална посета на земјава а чија земја не е членка на оваа иницијатива.
XS
SM
MD
LG