Достапни линкови

Побарувачката и светските резерви не укажуваат на стабилизација на цената, оценка на експертите


Ценaта на нафтата неодамна достигна нов рекорд од 120 долари за барел. Нафтената индустрија, според аналитичарите; е изложена на многу ризици, така што иако последна причина за скокот на цената беше штрајк на 1.200 работници во една рафинерија во Шкотска таа е само една од нив. Експертите велат дека големата побарувачка и свестките резерви не нуди надеж за стабилизација на пазарот во иднина.

Намалената испорака за 700.000 барели сирова нафта на британскиот и меѓународниот пазар, поради штрајкот во шкотската рафинерија, предизвика паника меѓу возачите во Шкотска и Англија и непрегледни редови пред пумпите. Цената за барел на црног злата имено скокна петоструко во последниве 6 година и очигледно е да се нема да запре. И покрај тоа што повод за секој голем скок на цената е некој инцидент сепак причините се повеке. Нафтената индустрија е изложена на многубројни ризиците. Изворите во Нигерија и во Алжир се под постојана закана на радикалните групи, проблемите меѓу Соединетите Држави и Иран околу атомската криза создаваат нервоза на нафтениот пазар поради можноста Техеран да го запре извозот, Ирачката нафтена индустрија не работи со полна пареа. Реј Карбоне е Претседател на Парамаоун Опшн во Њујорк

„Имаме вести дека за намалено производство надвор од ОПЕК. Имаме вести и дека ОПЕК не инвестира целосно во своите идни капацитети. Тоа се случува во време на зголемени барања на пазарот и всушност стравот игра голема улога. Дали снабдувањата ке бидат издржани на долгорочен план.“

вели Реј Карбоне. Токму тоа што навистина нема знаци на смиривање на цените на нафтата ги загрижува пазарните експерти. Иако велат сите знаци се познати со месеци и пазарот би требало да ја има вкалкулирано цената. Вусшност според Карбоне, уште една голема причина е зголемената побарувачка од растечките гигантски пазари како Кина и Индија која се очекува да продолжи и во иднина.

„Всушност дали Опек пумпа колку што може. Веројатно Не. Меѓутоа јас не мислам дека и ако ја зголемат шпродукцијата ке има некоја голема разлика. Долгорочно, големо макро прашање се до каде одат светските барања.“

Поголеми барања значат поголема цена. ОПЕК и извозниците надвор од Картелот имаат доволно нафта да го задоволат пазарот сега. Но се смета дека ке дојде време кога побарувачката ке биде поголема и од производството имајки ги во предвид и светските резерви. Така од друга страна и трговците сметајки на растот на цените купуваат повеќе и самите ја креваат цената на нафтата.
XS
SM
MD
LG