Достапни линкови

Вашингтон: САД ги разгледува мерките кон Белорусија како одговор на дипломатските тензии


Американскиот Стејт Департмент соопшти дека сеуште не е донесена одлука за тоа кога ќе и биде наредено на Белорусија да го намали бројот на своите дипломати во Соединетите Држави. Портпаролот на Стејт Департментот Том Кејси изјави дека Вашингтон продолжува да ги разгледува мерките што ќе ги преземе. Кејси додаде дека Соединетите Држави изразуваат ,, сериозна загриженост“ поради одлуката на властите во Минск кои во средата побараа 10 американски дипломати да ја напуштат Белорусија.
XS
SM
MD
LG