Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ ја објави изборната програма, СДСМ тоа ќе го стори денеска


Пред истекот на рокот за доставување на кандидатските листи на втори мај на полнок, опоаициониата СДСМ ги финишира разговорите со идните коалициони парнтери за претстојните парламентарни избори. За учество во коалицијата за европска Македонија засега се изјаснија НСДП и ЛДП. Владеачката ВМРО ДПМНЕ пак ги заврши преговорите и лидерот на оваа партија Никола Груевски го потпиша коалициискиот договор со 18 партии, меѓу кои се и повеќе партии од припадниците на малцинствата во земјава. На претстојните избори ВМРО ДПМНЕ ќе настапи со програмата, која имено е продолжение од претходните избори преименувана во ,,Преродба во сто чекори надградена и проширена“. Пет Стратешки цели се зацртани за периодот од 2008- до 2012 година и натаму останува економијата, борбата против криминалот и корупцијата, добри мегуетнички односни, одвршување на Охридскиот рамковен договор, инвестирање во образованието и интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. За пречката спорот со името за влез на земјава во НАТО, што воедно е една од целите на партијата, Груевски во обраќањето порача:

„Некои политиканти хистерично отвораат покуси патишта, брзи решенија, решенија за два – три месеци со кои наводно утре ќе сме влезеле во Европа. Луѓето знаат дека тоа е политичка манипулација. Денеска велам, единствен начин да бидеме прифатени и респектирани во Европа е да ја преродиме Македонија,“

рече Груевски. И албанските партии ПДП и ДУИ веќе ги утврдија кандидатските листи. А во меѓувреме Државната изборна комисија и покрај скусените рокови интензивно работи на подготовка на изборите. Додека партиите го имаат и утрешниот рок за доставување на кандидатските листи, вечерва на полноќ истекува рокот до кој граѓаните можат да извршат увид во избирачкиот список. Со цел спороведување на регуларни избори за прв пат ДИК склучи соработка со граѓанската асоцијација МОСТ за обука на изборната администрација:

„Заедничка цел на сите нас е со квалитетна подготовка на изборите да се добијат резултати кои ќе бидат одраз на волјата на гласачите и нема да бидат оспорувани од никого.“
„Со тоа би требало да се влијае за подобрување на квалитетот на спроведување на процесот на гласање и да им се овозможи на членовите на изборните органи поефикасно спроведување на нивните задачи,“


рекоа претседателот на ДИК Јован Јосифовски и претседателот на МОСТ Дарко Алексов.
XS
SM
MD
LG