Достапни линкови

ССМ меѓу работничките права и политиката


Некаде меѓу влијанието на политиката, што имаше пресудна улога и врз намалувањето на значењето и на синдикалните организации, се губат правата на работниците. Додека власта изминативе години си одбираше свои синдикални преставници, притоа имајќи ја во предвид перцепијата во јавноста дека Сојузот на синдикати на Македонија е поблиска до сегашната опозицијата, а новоформираната Конфедерација на синдикати до власта, огромен број работници во земјава години наназад се жалат на ниски плати, неплатени придонеси, злоупотреба на трудот од страна на работодавачите. Дека политиката има влијание врз работата на синдикатот признаваат и од самите синдикални организации:

„Мислам дека секоја власт во Република Македонија на свој начин остави трага врз начинот на синдикално организирање. Најмногу последната власт, бидејќи таа правеше упади во нашите синдикални организации, го игнорираше ССМ како најголем, најрепрезентативен синдикат во државата.“

„Мора да истакнеме дека во периодот додека беше оваа влада, со што не сакам да кажам дека ние држиме некоја страна, мислам дека се тргна од мртва точка,“

посочува Пеце Груевски од Сојузот на Синдикати на Македонија и Растко Мишковски од Конфедерацијата на синдикати. Експертите посочуваат дека блискоста на синдикатите со политиката не е ексклузивитет само за Македонија. Но, суштината е објаснува професорот од Инистутот за социолошки и политичко правни истражувања Лидија Христова, дали таа политичка блискост се искористува во корист на работниците:

„Дали ќе ја искористат само за сопствени интереси, значи на синдикалното раководство или ќе ја искористат за подобрување на позицијата на своето членство.“

Објаснува професор Христова. Како и претходно и оваа година, Сојузот на синдикати на Македонија ја лансираше идејата за вклучување во изборите учествувајќи со своите кандидати за пратеници во Собранието. Велат преку свои парламентарни претставници, ќе имаат поголемо влијание:

„Конечно да се слушне гласот на работникот, на луѓето кои живеат од трудот.“

Експертите пак посочуваат дека станува збор за новина, која не се сигурни дека преку учество во политичкиот живот гарантира подоборување на позициите на синдикалните организации.

„Не знам како ќе изреагира на тоа избирачкото тело имајќи го во предвид слабиот рејтинг на синдикатите,“

забележува професор Христова.
XS
SM
MD
LG