Достапни линкови

Одржувањето на самитот од огромно значење за Македонија, сметаат експертите


Престојниот Самит на претседатели од Централна Европа кој ке се одржи во Охрид е од големо значење за нашата земја, сметаат аналитичарите. Поранешниот претседател на собранието Саво Климовски вели дека ваквите собири освен што придонесуваат за афирмација на една земја, на нив шефовите на државите носат и битни одлуки.

„За Република Македонија е од огромни значење, затоа што ние сме кандидати за членки во ЕУ, второ затоа што ќе се расправа за перспективите на самата ЕУ, и трето ќе се расправа за многу горливи прашања, а тоа се прашањата за енергетските ресурси и начините како земјите да се справат со претстојните предизвици во оваа сфера.“

Според политикологот Владимир Мисев,на ваквите самити се градат стратегии кои ке дадат насока во која ке се движи регионот

„На ваквите собири генерално се изготвуваат планови за рамка во којашто регионот би требало да се движи по некоја насока. Ќе видиме во заклучоците на Самитот каков ќе биде планот што ќе го изградат претседателите на држави.“

И претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски ја истакна важноста и значењето на овој самит.

„Овој самит за нашата земја претставува огромна можност и шанса за афирмација на нашите интереси, нашите можности, но и на нашите позиции и аргументи околу некои клучни прашања, кои во овој период претставуваат највисок приоритет. На пример, ЕУ и НАТО интеграциите, преговорите за името и слично. Оваа шанса максимално ќе ја искористиме и дека меѓународната позиција на Република Македонија со овој самит и по овој самит ќе биде посилна.“

рече Црвенковски и додаде дека на овој самит ке учествуваат 19 држави од кои 17 ке бидат преставувани од страна на нивните претседатели додека Италија и Романија ке бидат преставени на ниво на амбасадори. Според Црвенковски преставници од Косово не се поканети на самитот во Охрид бидејќи, некои од земјите учеснички ја признале независноста на Косово, а други не или пак се уште немаат донесено одлука за признавање на ова земја.
XS
SM
MD
LG