Достапни линкови

Брисел: ЕУ ја повика Москва на воздржаност во дејствувањето во Абхазија и Јужна Осетија


Европската Унија ја повика Москва да покаже воздржаност во дејствувањето во Абхазија и Јужна Осетија, откако руското министерство за одбрана соопшти дека поради ситуацијата во тој дел, Русија ќе го засили военото присуство во грузиските сепаратистички региони. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Русија има обврска да ги заштити животите и достоинството на своите граѓани, каде и да се наоѓаат. Односите меѓу Русија и Грузија особено се затегнати последните неколку недели, откако Тбилиси побара членство во НАТО, а Москва почна да работи на воспоставување поблиски врски со сепаратистичките региони во кои мнозинството население се Руси.
XS
SM
MD
LG