Достапни линкови

Приштина: Се додека постои резолуцијата 1244, ОН имаат одговорност за Косово, изјави Рикер


Шефот на УНМИК Јоаким Рикер изјави дека се додека постои Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност при ООН постои и одговорност на мисијата на ОН за Косово. Тој истакна дека на 15 јуни кога на сила ќе стапи новиот косовски устав ќе треба внимателно да се разгледа ситуацијата и кој ќе има ингеренции. Шефот на УНМИК повтори дека не се согласува со идејата Мисијата на ОН да биде стационирана во српските области во Косово а во другите делови ЕУЛЕКС да ги преземе обврските.
XS
SM
MD
LG