Достапни линкови

logo-print

Македонија не треба да ги прекине воените мисии во странство, сметаат експертите


Во ниту еден случај Македонија сега, во период кога сите мегународни фактори апелираат спорот со Грција да биде решен за да ја добиеме поканата за членство во НАТО не треба да ги прекине мисиите кои што ги праќа во странство - едногласни се аналитичарите.

Универзитетскиот професор Трајан Гоцевски објаснува дека тоа ни е обврска од договорот за Партнерство за мир.

„Ние имаме обврски и понатаму да учествуваме во меѓународните мисии и мислам дека Република Македонија ќе погреши ако не продолжи со таа активност и мислам дека во таа насока треба да оди и политиката на Република Македонија, бидејќи, сепак, ако се анализира, ние имаме условна покана,“

вели Гоцевски и додава дека во мегувреме не треба да испратиме никаков сигнал со кој ќе покажеме дека ја менуваме политиката која се стреми кон интегрирање во НАТО

„Најголеми оценки за одлуката дека ние ги исполнуваме сите други критериуми е токму тоа дека нашите војници исклучително успешно се носат со проблемите во меѓународните мисии. Не би требало сега и тоа што е најпозитивно да го доведуваме во прашање.“

Со слично мислење е и Јетон Шасивари професор на универзитот на Југоисточна Европа кој потенцира дека токму македонките мисии се еден од главните адути за нашиот влез во НАТО

„Мислам дека праќањето на мисии не е толку важно за НАТО, колку што е важно за Македонија. Тоа беше еден од најдобрите потези, високо вреднуван на Самитот во Букурешт.“

Македонските војници во мисиите во странство не придонесуваат само за подобрување на нашиот имиџ во круговите на алијансата туку има и други придобивки додава Шасивари

„Прво, образовниот бенефит. Значи, нашите кадри таму се среќаваат со кадрите на НАТО и има што да учат од нивна страна. Второ, има влијание и за домашната безбедност праќањето наши војници.“

И министерот за одбрана Лазар Еленосвки во неодамнешното интевју за нашето радио потврди дека земјава ке продолжи да пракса војници онаму каде што веке имаме но за одлуки за нови мисии како што рече ќе се почека.

Инаку во моментот околу 230 македонски војници се наогаат во мисиите во Авганситан Ирак и Босна.Оваа бројка претсвува повеке од 3 проценти од армијата на земјава.
XS
SM
MD
LG