Достапни линкови

Земја со најмногу корисници на мобилни телефони и Интернет


Веќе е земја со најмногу корисници на мобилни телефони во светот. Сега им го презеде и првото место на Соединетите држави на земја со најмногу корисници на Интернет. Станува збор за Кина која неодмна соопшти дека има над двесте и дваесет милиони луѓе кои имаат интернет и оти таа бројка расте многу брзо.

Споредено со вкупното население, кинеската интернет популација се уште е мала, дури и под просекот. Во извештајот на државната новинска агенција Хсинхуа се наведува дека шеснаесет проценти од кинеското население користи интернет. Овој просек на светско ниво е деветнаесет насто. Но, претркувањето на Соединетите Држави и брзото растење на бројката на корисниците покажуваат дека Кина веќе е дел од големото интеренет семејство. Интернетот во Кина е строго контролиран со разни филтери, но и со илјадници монитори кои ги отстрануваат содржините што им се чинат премногу чувствителни. Сепак релативната анонимност што ја нуди интернетот ги охрабрува луѓето поотворено да ги искажуваат своите мислења отколку што тоа би го правиле во традиционалните медиуми. Таквата моќ најдобро беше покажана во одговорот на протестите со кои беше спречувана штафетата на Олимпискиот факел во Лондон, Париз и Сан Франциско. Таму се протестираше против насилното кинеско спречување на тибетанските демонстрации. Но, интернет корисниците во Кина го вратија ударот. Сликата од протестите во Париз прикажува како една инвалидизирана кинеска спортистка која го носи факелот била поздравена од еден протибетански активист. Исто така и странските медиуми се најдоа под удар за, како што велат интернет корисниците, пристрасното покривање на нередите во Тибет.

Овој видео клип, поставен од еден кинески сајт покажува сцени од воени паради во Пекинг и завршува со текст на англански јазик во кој се вели: Не сме против западните медиуми, туку против лагите и фабрикуваните приказни во тие медиуми. Повеќето од онлајн лутењето е насочено против Си Ен Ен. Или како што се наведува на многу кинески интеренет страници Не бидете и вие Си Ен Ен.

Во онлјан петициите се бара од кинезите да ги бојкотираат продавниците на Карфур во Кина, голем трговски синџир од Франција која ги поддржува тибетанците. Се уште не е познато каква е улогата на кинеските власти во охрабрувањето на овој бран на интернет протестите. Едно е сигурно: колку интеренет подлабоко влегува во Кина, ќе биде се потешко да се контролираат неговите корисници и секако информациите кои тие ги шират таму.
XS
SM
MD
LG