Достапни линкови

Советот за радиодифузија ќе врши мониторинг врз основа на упатство


Пред распуштањето Собранието не успеа да ја донесе одлуката за рамномерно медиумско претставување на политичките партии во текот на изборната кампања. Поради ова Советот за радидодифузија на овие избори, мониторингот за тоа дали медиумите одвојуваат еднаков пристап за претставување на политичките партии, ќе го врши врз основа на упатство, решение што се најде како излез од оваа ситуација. Но, претставниците на политичките партии немаа можност да ги изнесат своите забелешки, барањата и евентуални амандамни на одлуката, што би било случај при собраниската дебата. Советот за радидиофузија најде преодно решение.

„Единствен хендикеп во овој случај е тоа што политичките субјекти не се изјаснија, со свои забелешки, не си дадоа себе си можност да поднесат некоја измена, некои амандамни и слично, но ние ги поканивме главните најголеми политички партии така што имаа можност и покрај тоа да се изјаснат.“

Објаснува Илир Ајдини потпретседател на Советот за радидифузија кој додава дека оваа ситуација нема да се одрази врз нивната работа за мониторирање на медиумите кои треба да се придржуваат до правилото за одвојување на еднакво време за сите партии:

„Советот има самиот можност да ги одреди правилата согласно законот за радиодифузија.“

Посочува Ајдини. Експертите пак истакнуваат дека донесена одлука од страна на Собранието има многу поголема правна тежина за разлика од упатството за медиумското претставување донесено од Советот за радидифузија што ,,фрла сенка на изборниот процес“:

„Таа свера сега не е регулирана со ,,силна“ одлука што ќе ја донесеше Собранието, туку само со правилник и во таа смисла постои дополнителен проблем. Постојат изборни правила, за да бидат фер изборите, мора сите да бидат подеднакво преставени и промовирани.“

Изјавува политикологот Дане Талески. Во опозиционата ЛДП која на седницата за распуштање на парламентот, инсистираше да се регулира ова прашање, велат:

„Минатиот пат особено инсистираа ОДИХР, ОБСЕ како прв чекор за фер и демократски избори.“

Истакнува Роза Топузовска Каровска од ЛДП.
Одлуката за рамномерен пристап до медиумите Собранието согласно изборниот закон има обврска да ја донесе пред секои избори. На важноста на ова прашање во своето соопштение укажаа и од американската амбасада, ЕУ и ОБСЕ.
XS
SM
MD
LG