Достапни линкови

Атанасиус Паризис, член на раководството на Виножито. По самитот на НАТО, индивидуалци и екстремни организации ни се обраќаат непријателски


Грција последниве денови повлече неколку економски чекори, неповолни за нас. Како се однесува државата сега со Македонците коишто живеат во Грција? Дали се смени нешто по самитот во Букурешт?

Не би кажал дека грчката држава и властите менуваат тактика и политика кон нас. Тоа не може да се види и не би било мудро тоа и да се прави. Сепак, Грција е членка на ЕУ, нашето движење и партија е силно поврзана со светски и европски институции, така што не смее да се промени нагло и политиката кон нас. Но, чувството што ние го имаме е поинакво, во однос на нашите односи со некои индивидуалци, некои екстремно расположени луѓе или организации кои често ќе ни се обратат непријателски. Секојдневно имаме писма, мејли до канцеларијата, па и до луѓе од нас, кои се заканувачки и по живот.

И на последната конференција во Брисел беше заклучено дека малцинствата во Грција се дисктиминирани. Колку пораките од европските претставници стифгнуваат до властите во Атина?

До властите во Атина сигурно стигнуваат и мислам дека тие многу сериозно ги примаат и разгледуваат и мислат на тоа. Исто така, стигнуваат и до поширокото општество. Ден два пред и по конференцијата беше голема заинтересираноста на медиумите, за интервју, имаше големи дискусии и од страна на претставници на партии. Има колумни во весниците на таа тема. Видовме и писма напишани од група пратеници од КПГ; од Лаос и од Нова Демократија до претседателот на европскиот парламент да ја забрани таа дискусија. Тоа не постигна резултат.

Како сега ќе продолжи да дејствува Виножито? Која е вашата стратегија сега по овој развој на настаните?

Нема нешто ново во нашата стратегија. Таа е во насока на изборување на нашите човечки права, нашата определеност. Да се бориме за демократизација на грчкото општество во коешто живееме.
XS
SM
MD
LG