Достапни линкови

Може ли комунизмот да се споредува со нацизмот?


Може ли комунизмот да се споредува со нацизмот? Дали комунизмот заслужува едногласна осуда како и нацизмот? И би требало ли сегашните приврзаници на комунизмот да бидат жестоко отфрлани од европските политички текови исто како и нацистичките? Овие прашања се во центарот на поделбите меѓу новите и старите членки на Европската Унија.

Повеќето од старите земји велат дека нема потреба од нови историски преиспитувања. Советскиот сојуз беше во алијансата против нацистичка Германија, а и се уште во светот постојат комунистички партии. Новите членки на Европската унија пак, сметаат дека ова прашање и значаен дел за обединувањето на Континентот. Во поранешниот советски блок, комунистичките режими предизвикаа многу жртви и ги сместија нивните земји зад Железната завеса повеќе од половина век. Дебата по се изгледа се разгорува и во антагонизам спрема Русија, чиј претседател во заминување Владимир Путин смета дека распаѓањето на Советскиот сојуз е најголемата политичка катастрофа на дваесетиот век. За оние кои бараат осуда на комунизмот како анти хумано општество тоа ќе биде тешка борба. Најсилниот отпор доаѓа од левичарските партии во Европската Унија. Јан Маринус Виерсма, холандски социјалист се противи на, како што го нарекува, политичката интерпретација на историјата.

„Сите тие често различни интерпретации можат да водат до различни гледања, различни патишта на разбирање на работите, понекогаш и до ксенофобија. Тоа е премногу опасно за Европа која се карактеризира со различни етнички посебности. Не постојат едноставни одговори на тешки историски прашања. Ајде да не се занимаваме со тоа.“

вели Виерсма. И лидерот на помалата Европска обединета левица французинот Френсис Вуртц ја отфрла идејата советската ера да биде поистоветена со нацистичката. Деновиве пак, потпретседателот на Европската комисија Жак Баро изјави во европарламентот дека мерките во врска со жртвите од комунизмот треба секоја земја да си ги донесува индивидуално.

„Комисијата забележа дека има барање за поголема европска вклуечност во оваа сфера. Но, мора да се каже дека секоја земја членка мора да си го најде својот пат во решавањето на ова прашање.“

За време на дебатата, пратениците од Полска, Литванија, Чешка, Естонија и други источноевропски земји бараа масовните екзекуции на политичките опоненти и депортациите на цивилите кои беа вршени за време на советската ера да бидат признати и осудени како акти против човештвото во Европа.
XS
SM
MD
LG