Достапни линкови

Постојано гледаме вести, не оптеретија со тешки прашања за државата, велат граѓаните


Иако официјалната кампања за изборите се уште не почнала, граѓаните велат дека се уморни од политиката. Постојано гледаме вести, а после секоја информативна емисија заедно со пријателите ги коментираме тековните случувања, признаваат дел од нив.

„Па сакаш да чуеш нешто, што има ново.

„Немам друго што да гледам, не оптеретија со многу тешки прашања.“

„Најмногу ме интересира што ќе се случи со Грција.“

„Парламентот се обидувам да не го гледам, не ми се допаѓа тоа што се случува таму.“


Преку постојаните разговори за политичките случувања во кругот на семејството
и пошироко, политиката навлезе и кај најмладите. Денес дури и тие знаат кои се политичките актери во земјава:

„Знаеш ли кој ни е претседател?

Бранко Црвенковски.

А Премиер?

Никола Груевски.“


Во силниот информативен притисок и искривеното сфаќање на политиката социолозите ги гледаат причините за политизацијата на општественото живеење.

„Тие се две главни причини, едната медиум, комуникација и второто поимањето на политиката од главните актери, дури се врши една страшна пресија на оние луѓе што работат, дека постојано треба да информираат, а особено во ситуација кога еден дел од тие информативни куќи во земјава се под влијание на моќните политички партии.“

објаснува професорот Илија Ацески од Филозофскиот факултет во Скопје
Во Македонија владее криза на духот, луѓето немаат развиен цивилен живот за
да дискутираат за животните вредности, вели Ацески. Тој предупредува на последиците од преголемата опседнатост со политиката:

„Не претвара во луѓе што постојано го менуваме мислењето, постојано очекуваме нешто ново, постојано сме гладни за нови информации и тоа оди до бескрај. Тоа создава еден човек што е незадоволен од себе, стануваме понервозни, по неуротични.“

Во вакви услови граѓаните признаваат дека се повеќе им недостасуваат забавни содржини на медиумите и дека најмногу од се се радуваат на песната и хуморот:

„Сакам музика, но највеќе има вести.“

„Параходот пристига, таа песна многу ми се допаѓа.“

„Сака човек малку да се олесни, да се насмее.“
XS
SM
MD
LG