Достапни линкови

Преговорите за демаркација со земја што Македонија ја нема признато не е спорно, сметаат експертите


Повеќе од два месеца од кога Косово прогласи независнот од македонската влада сеуште на прашањето кога ке ја прознаеме независнота одговраат со Македонија ке ги следи своите нацинални и државни интереси. Политиката е повеке засега да не коментираме велат од влаадата. Во мегувреме минатата недела заедничката комисија на Косово и Македонија потпиша спогодба за обележување на границата според палнот на Ахтисари. Од кабинетот на претседателот објаснуваат дека тој план не не обврзува и не не условува во однос на билатералните прашања со било кого ниту со Косово. Ставот на земјава е дека ќе ја признае новата реланост, велат од кабинетот. Шефот на државата Цревснковски пак во јавноста неколку пати изјави дека чекаме погодоен момент бидејки сакаме да бидеме во добри односи и со Белград и со Приштина. Упатените велат дека кога се збпрува за државниот и нациналниот интерес всушност се мисли на тој момент.

И професорот Владо Поповски тврди дека признавањето и демракцијата на границата воопшто не треба да се поврзуваат. Тоа што Македонија преговара со земја која што ја нема признаено не е спорно вели Поповски:

„Не би требало да се поврзува како услов, Република Македонија претходно да го има признато за да може да важи оваа техничка страна на разграничуваењто. Бидејќи, одбележувањето на границата е сторено претходно со СР Југославија, кога таа беше субјект на целата граница и таа граница е призната.“

Според Поповски Македонија и во овој момент во услови на рапсуштен парламент доколку одлучи може да ја признае независноста, а владата има легитимитет да донесе таква одлука:

„Владите го признаваат. Пред парламентот одговара владата и тој може да постави прашање на одговорност.“

Со спротивно мислење е аналитичарот Алберт Мулсиу. Македонија досега пред почнивањето на процесот на обележување на границата требаше да ја призане независнота смета тој:

„Формално правно можеби има спорно, но не е уникатно. Ние имавме соработка и со Тајван. Значи, не е ова нешто толку спорно.“

објаснува Муслиу.
XS
SM
MD
LG