Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Македонија треба да добие место во НАТО што поскоро, изјави Даниел Фрид


Македонија треба да добие место во НАТО што е можно побрзо, изјави американскиот помошник државниот секретар Даниел Фрид, пренесувајќи го ставот на американскиот претседател Џорџ Буш, јави грчката АНА-МПА. Даниел Фрид го изрази разочарувањето на Вашингтон поради грчкото вето во Букурешт, и ја потврди поддршка за посредникот на Обединетите Нации Метју Нимиц, за наоѓање заемно прифатливо решение на проблемот за името. Во таа насока Соединетите Држави работат со Грција и Македонија, изјави Фрид.
XS
SM
MD
LG