Достапни линкови

logo-print

Русија одби да ги отфрли плановите за засилување на врските со двата региона во Грузија


Русија одби да го отфрли плановите за засилување на врските со двата сепаратистички региона во Грузија. Според рускиот преставник во Обединетите Нации Виталиј Чуркин, Русија сака да промовира економски развој во Абхазија и Јужна Осетија. Шефот на грузиската дипломатија Давид Бакрадзе пак смета дека постојат јасни сигнали за анексија на двата региона од страна на Русија. До седницата на Советот за Безбедност дојде по барање на Грузија која обвини дека Руски воен авион урнал нивно безпилотно летало над Абхазија во неделата.

Виталиј Чуркин и Давид Бакрадзе зборуваа по седницата на Советот за Безбедност на Обединетите Нации на која рускиот преставник ги отфрли повиците на западните сили да се откаже од плановите за посилни врски со грузиските сепаратистички региони Абхазија и Јужна Осетија. Виталиј Чуркин изјави

„Се што работиме е перфектно легалнио и чисто во линијата со меѓународните договори и мегународниот закон. Така што не гледаме зошто некој би се жалел за нешта кои се целонсо законски.“

Според Рускиот амбасадор во Светската организација, Виталиј Чуркин, станува збор за надминување на долгогодишното економско запоставување и недостиг од социјална заштита на луѓето кои живеат таму.

„Како што знаете, многу од нив се руски граѓани, така што ние имаме дополнителна одговорност.“

Руската страна смета дека и грузиските летови имале за цел воена мисија што преставува провокација за Абхазија во контекст на зголемувањето на грузиските воени сили во долината Кодори. Грузиската страна пак е загрижена дека чекорите на руската федерација во правец на заилување на врските со Абхазија и Јужна Осетија се почеток на анексија на овие грузиски региони.

„Ние имаме многу вознемирувачки сигнали за извесна анексија која се случува на теренот на двата грузиски регона Абхазија и Јужна Осетија. Одлуката за воспоставување директни легални врски со локалните власти е за прв пат директна провокација врз грузиската јурисдикција на овие два региона.“

изјави шефот на грузиската дипломатија Давид Бакарадзе. Тој токму затоа вели дека е тешко да се верува дека Русија ке дејствува како неутрален медијатор. Грузија смета дека се додека не се постигне ревизија на сите постоечки формати мирољубиво решение на конфликтот не е можно.
XS
SM
MD
LG