Достапни линкови

За формирање на коалиции пресудно е размислувањата да бидат слични, велат во партиите


Власта оваа предизборна кампања ќе ја темели на успесите што за нив како што велат се очигледни во делот на економијата и другите свери, а опозицијата ќе се обиде да им укаже на граѓаните на недостатокот од поголеми владини економски резултати, на неуспехот на самитот во НАТО, и неизвесност за нашето членство во Европската Унија. Во владеачката ВМРО ДПМНЕ велат дека за настапот работат и со експерти и со граѓаните:

„Во изработаката на предизборната програма на ВМРО ДПМНЕ вклучени се поголем број експерти и домашни и странски, а вклучени се и здруженија на граѓани заинтресирани за вклучување на некои нивни интереси.“

Изјавува Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ. Во опозиционата СДСМ пак истакнуваат дека ќе посочат на владините слабости, но деновиве ќе го прецизираат настапот:

„Тоа ќе го промовираме кога ќе ги промовираме и кандидатите.“

вели Јани Макрадули од оваа партија.
Јасен став за тоа што сакаат да им порачаат на граѓаните имаат НСДП и ЛДП.

„НСДП ќе испрати силна порака до сите граѓани дека цврсто ќе стоиме зад државните интереси.“

„И ќе се спротивставиме во целост на политиката која што ја води Макеоднија во самоизолација и која ја одалечува од евроатлантските интеграции.“


Истакнуваат Иван Анастасовски од НСДП и Роза Топузовска Каровска од ЛДП. Во овие партии ќе се концентираат како што велат и на економијата. ЛДП ќе укаже на слабите резулатите, а НСДП ќе се обиде да ја задржи својата социјална платформа. Кај албанскиот блок пак ДПА како дел од власта во изминатите две години ќе укаже на своите успеси, а ДУИ ќе порача:

„Ќе се фокусираме на НАТО и ЕУ агендата, потоа тука се и прашањата кои што ја засегаат албанската заедница.“

Изјавува Ермира Мехмети од ДУИ.
Партиите посебно во макеоднскиот блок велат дека за можни коалиции ќе бараат партнери со кои делат слични размислувања. Иако во медиумите се објави дека СДСМ, НСДП и ЛДП најверојатно на изборите ќе настапат заедно, во овие партии засега официјално велат дека разговорите сеуште се во тек:

„Цврсто ќе стоиме зад државните интереси и врз база на тоа ќе ги темелите нашите разговори.“

„Доколку настапот биде коалиционен, прво и основно ќе биде да со партиите се разбира во основната цел се сложуваме.“


Истакнуваат Анастасовски од НСДП и Каровска од ЛДП. Кај владеачка ВМРО ДПМНЕ веќе е јасна коалицијата со Демократскиот Сојуз, со социјалистите и некои други помали партии.
XS
SM
MD
LG