Достапни линкови

logo-print

Недобивањето покана за НАТО и предвремените избори ќе ја „успорат“ економијата, оценка на експертите


Попесимиситичка од владината, но сепак реална е прокцијата на ММФ за стопанскиот раст што се очекува да го оствари Македонија во текот на оваа и наредната година, коментираат експертите во земјава. Во новонастанатите политички услови според некои од нив можеби нема да се достигне ни стапката од 4,5 проценти како што предвидоа експертите на меѓународниот монетарен фонд. При тоа едногласни се дека на тоа освен еконосмките влијанија од насворешен но и од внатрешен карактер големо влијание ќе имат политичките случувања, најмногу распишаните вонредни парламентарни избори како и проблемите врзани за приклучувањето во НАТО.

„Постоеше шанса за покана за НАТО, сега ќе има формирање на нова влада, кој знае тоа како ќе биде, значи веќе вториот квартал Македонија ќе го изгуби и нема да биде фокусирана во економските прашања,“

коментира професорот Абдулменаф Беџети за кого проблематична е и прокцијата од 4,5 проценти поради тоа што како што вели е направена пред распишувањето на предвремените избори. Беџети ги наведува и економските причини кои ја изјаловуваат владината прокција за стопанскиот раст според која до крајот на годинава таа треба да достуигне до 6 проценти.

„Една од причините зошто монетарната власт реагира вака со дисконтната стапка е токму рамнотежа на тековната сметка. Затоа што не се остварува предвидената динамика на привлекување странски инвестиции, а од друга страна не се остварува динамиката од другите години во приватните трансфери.“

„Македонија се соочува со инфлаторно влијание. Дел од инфлацијата се должи не само од надвор, туку и на трошењето на буџетот,“


дополнува професорот од Европскиот универзитет Зоран Ивановски кој во овој контекст повикувајќи се на препораките веќе дадени од ММФ упатува на тоа дека ќе мора да се скратат оние стимулации кои Владата ги наменуваше за економијата, пред се за земјоделието и за новите вработувања. Освен ова како што вели Ивановски на македонската економија не и одат во прилог ниту економските движења на меѓународен план како што се влијанијата од негативните настани на финансиските пазари, од хипотекарните кризи на меѓународните пазари, како и порастот на цената на горивото, што ја прават уште поверојатна прогнозата дека годинава ќе ја заврпиме со стопански раст од 6 проценти.
XS
SM
MD
LG