Достапни линкови

Филаделфија: Хилари Клинтон победи во Пенсилванија


Хилари Клинтон победи во вчерашното гласање во американската сојузна држава Пенсилванија, за кандидат на Демократската партија за претседателските избори во ноември. Според нецелосните резултати, таа освоила 55 насто од гласовите, со што продолжува неизвесноста за тоа кој ќе му се спротивстави на републиканецот Џон Мек Кејн. До крајот на предизборната трка на демократите, на 3- ти јуни, останува да се гласа во уште 9 држави.
XS
SM
MD
LG