Достапни линкови

logo-print

Њујорк: Абхазија на дневен ред во Советот за безбедност на ОН


Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за кризата во односите меѓу Русија и Грузија, поврзана со грузискиот сепаратистички регион Абхазија. Состанокот доаѓа по обвинувањата од Тбилиси дека Русија соборила грузиско беспилотно летало над Абхазија. Руското министерство за надворешни работи, пак, вчера ја обвини Грузија дека го нарушува мирот со испраќањето авиони во воздушниот простор над Абхазија.
XS
SM
MD
LG