Достапни линкови

Инциденти како резултат на политичката ситуација и проблемот со името со Грција


Предизборие во Македонија и локални избори во Србија кои Белград инситиира да ги спроведе и во Косово. Во ваква политичка состојба во регионов жителите од Дебалде најавуваат дека и со оружје ке ги браната своите имоти да не припднат во Македонија со демаркацијата на границата. Дел од налаитичарите безбедностие притиосци ги поврзуваат со политичката ситуација во моментов. Според универзитетскиот професор Стефан Буџаковски сите овие притисоци во крајна линија се поврзани со проблеомот со името со Грција а само се користи периодот на предизборие

„Вкупните состојби на безбедносен план е организирана работа и може да се сфати како притисок за донесување на некои политички одлуки. Едно си има своја цел, друго си има своја цел, но се кај нас е поврзано со името.“

За разлика од Буџаковски аналитичарот Мерсел Биљаљи смета дека безбеднопсните притисоцо врз политиката како што вели се приказни од минатото. Пораките на житрелите од Дебалде се поврзани само со демаркацијата на границата, а периодот на предизборие случајно се совпаѓа, смета Биљаљи

„Групите кои се појавуваат таму не се под нечија контрола и тоа е индивидуален притисок, можеби организиран од луѓе кои губат или мислат дека губат имот, така што не гледам од тој аспект некој безбедносен ризик или опасност.“

Во мегувреме и во земјава неколку дена по ред се случуваат инциденти. По пукањето викенов во Тетово, вчера во скопската населба Ченто во вооружена пресметка беше повредено едно лице, а денеска се запалени канцелариите на ДПА во кумановско Оризаре. Буџакосвки и Биљаљи со ист став дека овие инциденти дома не се поврзани со безбедносите случувања во врска со границата. Тоа се вели Биљаљи пораките кои што си ги испраќаат домашните парии на Албанците

„Тоа е политички притисок меѓу самите албански политички партии.“

Со сличен став и професорот Буџакосвки:

„Сите овие работи се за доминација во албанскиот блок, тоа не може да го поврземе со вкупната ситуација, туку со изборниот циклус и натамошната доминација, кој ќе биде во власта.“
XS
SM
MD
LG