Достапни линкови

Партиските фондови крајна дестинација за странските кредити, оценуваат експертите


Грантовите кои ги добива дрржавава од Светската банка не се трошат наменски,сметаат експертите. Поранешниот Министер за финансии, Џевдет Хајредни, вели дека добиените пари секогаш завршуваат во партиските фондови кои понатаму се користат за финансирање и лажирање на изборите.

„Гледам политичка волја, Македонија еднаш да добие водство кое е посветено на успехот на оваа држава. За жал до сега, особено не актуелното раководство. Сите тие пари сега одат за да предизвикаат страв кај населението и да се користат на крај за да се полнат кутии,“

вели Хајредини и додава дека иако според минатогодишниот извештај на Светската банка „Дуинг Бизнис“ Македонија се најде меѓу најдобрите земји во подобрувањето на деловната клима, сепак како што вели Хајредини, праксата го покажува спротивното:

„Ги гледаме ние резултатите од реформите, секој ден. Друга работа е што странските претставници вклучувајќи и Светска Банка употребуваат речник што ги амнестираат тие што се на власт.“

Имено, за новиот грант кој го доби Македонија од Владата на Кралството Холандија како кофинансирање на вториот програмски заем за развојни политики,холандската амбасадорка во Македонија Симон Филипини на македонската влада им порача:

„Би сакала да им порачам на Светска Банка и на министерот умно да ги потрошат парите што ги даваме како поддршка.“

Според Министерот за финансии Трајко Славевски,досегашните заеми од Светската Банка се користат за спроведување на реформите.

„Овие проекти се насочени кон подобрување на иневстициската клима и зајакнување на ефикасноста на јавниот сектор. Се состојат од два столба, првиот подобрување на инвестициската клима преку реформи во судството и реформи на пазарот на работна сила и зголемување на конкурентноста на деловниот сектор,“

вели Славевски.
XS
SM
MD
LG