Достапни линкови

Јагнето остана дома поради незаинтересираноста на Грција и Италија


Домашниот пазар ќе изобилува со јагнешко за годинешниов Велигден. Причина за ваквата состојба е слабиот извоз на странските пазари. Од една страна незаинтересираноста на Грција за нашето јагнешко, од друга страна, повлекувањето на италијанскиот откупувач поради зголемената цена на македонското јагнешко. Русе Стефановски сопственик на кланица објаснува и како нашите одгледувачи на јагниња страдаат од неинформираноста:


„Тие чекаа мислеа дека празникот не е на 23-ти марти, мислеа дека е покасно. Клиентите во Италија треба извозот максимум до 17-ти да им пристигне, да имаат време да го сработат. Овие здруженија на сточари треба да им кажат.“

Еден мал дел од јагнешкото ќе биде пласиран на српскиот пазар. Остатокот ќе чека на домашните потрошувачи. Снебденоста на домашнмиот пазар пак ја спушти цената на јагнешкото што поради драстично поскапената сточна храна ги прави сточарите многу незадоволни:

„Сточната храна годинава беше доста скапа, некаде околу 300% е зголема цената на храната што значи и производството е поскапено и значи и цената на јагнето автоматски треба да биде повисока. За жал цената е помала и моментално е 120 денари за килограм жива мера.“

Вели Тодорче Мушовски претседател на сојузот на одгледувачи на овци. Во продавниците јагнешкото се продава по 300 денари за килограм. Купувачите кои се подготвуваат за прослава на православниот Велигден велат дека и оваа цена е превисока за нивните можности но и дека ќе бидат задоволни и со мала количина на своите празнични трпези.

„Па има и нема. И да има нема народот да купи.“

„Прилично е висока цената за нашите џебови.“

„Висока е цената, ама тоа е за нас, а за продавачите не е висока.“

„Скапо е, ама ако можеме ќе купиме.“
XS
SM
MD
LG