Достапни линкови

Скопје: Утре посета на генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер


Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схефер утре доаѓа во Скопје на средби со македонскиот државен врв. Предвидено е Шефер да се сретне со претседателот Бранко Црвенковски и со премиерот Никола Груевски.Според најавите, тој ќе им повтори на македонските власти дека со брзо решение на прашањето за името, Макеоднија повторно ќе може да им се приклучи на Албанија и Хрватска со кои го почна придружувањето кон НАТО. Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса доага во Скопје две недели по Самитот во Букурешт на кој поради грчкото вето Македонија не доби покана за членство.
XS
SM
MD
LG