Достапни линкови

Москва: Русија планира зголемување на хуманитарната помош за српското малцинство на Косово


Рускиот министер за вонредни ситуации Сергеј Шојгу изјави дека Москва планира да ја зголеми хуманитарната помош за српското малцинство на Косово. Тој прецизира дека станува збор за скорашна испорака на десет илјади тони, лекови, медицинска опрема и пченица за косовските срби. Русија, која се противи на еднострано прогласената независност на Косово, во почетокот на месецот испрати неколку стотици тони помош за тамошните срби.
XS
SM
MD
LG