Достапни линкови

Сардинија: Продолжуваат разговорите меѓу Путин и Берлускони


Рускиот претседател Владимир Путин на островот Сардинија ги продолжува разговорите со Силвио Берлускони кој деновиве победи на парламентарните избори во Италија. Путин е првиот странски лидер кој се сретнува со Берлускони откако тој го освои третиот мандат како италијански премиер. Според некои извештаи, на нивната средба, меѓу другото, ќе се разговарало и за можност руски Аерофлот да ја купи Алиталија, авиокомпанијата која се соочува со финански тешкотии.
XS
SM
MD
LG