Достапни линкови

Вашингтон: Март најтопол месец досега, соопштија американски метереолози


Изминатиот март беше најтопол досега, соопштија американските метеоролози, прецизирајќи дека во минатиот месец биле забележани температури повиски за скоро два степена од оние што биле регистрирани во истиот период досега. Ова ги зголеми страхувањата дека се забрзува глобалното затоплување, појава која се поврзува со се поголемата индустријализација во светот.
XS
SM
MD
LG