Достапни линкови

Москва: Милијарда долари не се доволни за да се влезе во рускиот клуб на најбогати


Милијада долари веќе не се доволни за да се влезе во клубот на стоте најбогати луѓе во Русија. Во најновиот список на Форбс Олег Дерипашка, кој ја контролира руската компанија за алуминиум Русал, е на првото место со над дваесет и осум милијарди долари, односно со дванаесет милијради повеќе од лани. Сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи Роман Абрамовиќ за разлика од минатата година сега е на трето место, а на второ се најде магнатот со челик Алексеј Мордашов.
XS
SM
MD
LG