Достапни линкови

Грција стравува дека Македонија би можела да бара враќање на имотите на Македонците


Грција официјално тврди дека со употребата на името Македонија, нејзиниот сосед има територијални претензии спрема истоимената северна покраина. Но, како што се наведува во анализата на Џејнс интелиџенс дајџест, Грција би можело всушност да страхува дека зајакната Македонија ќе ги поддржи барањата за враќање на имотите на илјадници македонци кои беа протерани од Грција по тамошната граѓанска војна. И покрај критиките од организациите за човекови права и од американскиот Стејт Департмент за правата на малцинствата, Грција останува индиферентна.

И покрај очекувањата Грција сега да покаже извесна флексибилност во преговорите за решавање на спорот со името, грчките дипломати не се загрижени. Тие веруваат дека најавените предвремени парламентарни избори во Македонија годинава, плус редовните претседателски и локални избори догодина ќе ги засили и ќе ги пролонгира поделбите кои хроночно ги спречуваат македонците од формирање обединет политички фронт дури и за важни национални прашања. За жал, за разузнавачите, принудното продолжување на преговорите значи дека овој загубен период ќе биде пролонгиран. Згора на тоа, високото ниво на национални емоции ќе доведе до поголема слушливост на оние со порадикални политички гласови, но и да се одрази врз карактерот на разузнавачката соработка меѓу Грција и Македонија, посебно откако македонците оценуваат дека нивните аспирации за влез во НАТО неферски беа блокирани во Букурешт. Имено, како што наведува Џејнс интелиџенс дајџест, во изминативе неколку месеци на преговори и чекање на самитот на Алијансата, Македонија беше национално парализирана. Во текстот се наведува и изјава на еден странски разузнавачки извор кој вели: Македонските разузнавачки шефови изгледа се позаинтерсирани за политиката и за нивните партиски цели на зачувување или повторно преземање на власта. Од друга страна, Грците се можеби најазинтересирани за продолжување на соработката меѓу разузнавачките служби. Како и да е, откако македонците почувствуваа дека не само името на нивната земја, туку и нивниот национален и јазичен идентитет е ставено во прашање во сегашниот политички спор, содржината на македонско грчката разузнавачка соработка е погодена, барем краткорочно. Од ова профитираат шверцерските групи кои се надеваат да ги прошират нивните операции особено во момент кога не постои силна, координирана меѓународна разузнавачка активност во регионот. Со оглед на нестабилноста на Косово, ова е лошо време за секаква редукција на билатералната разузнавачка соработка, заклучува во анализата објавена во Џејнс интелиџенс дајџест.
XS
SM
MD
LG