Достапни линкови

Скопје: Метју Нимиц денеска во Скопје


Специјалниот пратеник на Обединетите Нации, Метју Нимиц за спорот меѓу Скопје и Атина, денеска престојува во официјална посета на Скопје. Како што јавуваат агенциите, неговата посета е нова иницијатива за изнаоѓање на решение на проблемот со името. Според најавите, Нимиц нема да достави нов предлог за решавање на спорот, туку сакал да види дали има промена на позициите на двете земји по самитот на НАТО во Букурешт, кога Атина се спротистави на зачленувањето на Македонија во Алијансата. Од Скопје утре Нимиц заминува за Атина.
XS
SM
MD
LG