Достапни линкови

logo-print

Скопје: Делегација на ЕБОР престојува во Скопје


Делегација на Европската банка за обнова и развој предводена од првиот потпретседател Варел Фриман, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија. Делегацијата на ЕБОР ќе има средби со претставници на државниот врв, бизнис заедницата, како и со претставници на меѓународната заедница во Скопје. Гостите ќе ги презентираат своите програми за зголемување на инвестициите во земјава во јавниот и приватниот сектор. ЕБОР планира да ги зголеми своите активности во Македонија со финансирање на клучните инфраструктурни проекти, вклучувајќи и инвестиции во секторите за транспорт, општинската инфраструктура, енергетиката и енергетската ефикасност.
XS
SM
MD
LG