Достапни линкови

Време е да покажеме дека навредите не одат во прилог на ниту една партија, велат од партиите


Личните навреди, меѓупартиските препукувања, барањето виновници за актуелната политичка ситуација, повторно се дел од македонското секојдневие. Во услови на нервозен политички амбиент речиси е невозможно да се изгене жестока предизборна кампања, посочуваат претставници на политичките партии. Ќе се изолираат ли негативните и навредливи пораки во трката за што повеќе гласови? Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека кампањата што тие ќе ја предводат ќе биде коректна:

„ВМРО ДПМНЕ како и досега така и во текот на изборната кампања апсолутно ќе го задржи нивото на културна комуникација со граѓаните на Македонија.“

изјави Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во нашата политика има премногу инает меѓу политичките конкуренти и имајчи го предвид поранешното искуство, време е да покажеме дека тоа не оди во прилог на ниту една партија, велат од Демократската Унија за интеграција.

„Во овие важни моменти кога целиот свет не гледа и не мери, да пратиме сигнал дека тоа што не го постигнавме во Букурешт, со културното однесување, со европски манири и стандарди да го докажеме за време на изборите.“

изјави Џевад Адеми од ДУИ.
Навредите во изборните кампањи ги имаво многу земји, вели Андреј Жерновски од Либералнодемократската партија, според кои она што треба да не загрижува е злоупотренбата на етничките прашања и прашањата национални предавници и херои во државава:

„Никогаш и на последната седница несакавме да ги делиме македонците на предавници и на херои, посебно на оние антички херои, меѓутоа илузорно е да се очекува на оваа кампања да не се спомене НАТО затоа што меѓународната политика на Македонија доживеа фијаско и неможе да не се спомене што направивме, а што не на патот на нашите евроатлантски интеграции.“

Одговорноста е на политичките лидери. Она што е потребно е задржување на елементарното ниво на политичка култура во неалектризираната политичка атмосфера, велат од Партијата за демократски просперитет:

,,Почетокот не ни дава многу надеж дека ќе се поштедат од навредливи зборови, така што и тој низок степен на политичка култура ќе се оцени многу негативно и во сите тие структури кои што работат за Македонија, да ја добие поканата за НАТО и преговорите за ЕУ.,,

изјави Исмет Рамадани од ПДП.
XS
SM
MD
LG