Достапни линкови

Рим: Коалицијата на Силвио Берлускони победник на парламентарните избори во Италија


Лидерот на левицита Валтер Велтрони го призна поразот на парламентарните избори во Италија. Неговото признание доаѓа откако првично објавените податоци покажаа дека на изборите коалицијата на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони освоила повеќе гласови на изборите за двата дома на италијанскиот парламент. Берлускони вчера изјави дека приоритет на новата влада ќе биде проблемот со авиокомпанијата Алиталија и аферата со сметот во градот Неапол. Според првичните резултати Берлускони освоил 46,5%, а Велтрони 37, 7 отсто од гласовите за Долниот дом на парламентот, а за Горниот дом партијата на Берлускони добила 47,2, а на Велтрони 38,1 отсто од гласовите.
XS
SM
MD
LG