Достапни линкови

Прага: Благодарност од Македонците во Чешка до чешкиот премиер Тополанек


Здружението на Македонци кои живеат во Чешка „Македонска Мисла“ упати писмо со благодарност до чешкиот премиер Мирек Тополанек за пријателската поддршка за напорите на Република Македонија за членство во НАТО и ЕУ. Во писмото се нагласува благодарноста за чешката поддршка за Македонија за време на самитот на НАТО во Букурешт и се изразува осуда на грчкото вето за членството на Македонија во Алијансата. „Негирајќи го идентитетот на Македонците како посебен народ, грчката Влада се обидува да ја сокрие вистината за постоењето на македонско малцинство во Грција,“ се истакнува во писмото што Македонците во Чешка го упатија до премиерот Мирек Тополанек, повикувајќи го Република Чешка и официјално да ја признае Македонија под уставното име и да се придружи на 120-те држави во светот кои тоа веќе го сторија.
XS
SM
MD
LG