Достапни линкови

Експертите во дилема дали поради скратените рокови ДИК ќе може успешно да одговори на нерегуларности


Државната изборна комисија го има подготвено роковникот за предвремените избори кој предвидува скратени рокови за по пет дена во однос со роковите кој би биле доколку изборите се редовни, вели портпаролот на комисијата Зоран Тaневски

„ Дел од роковите се скратени освен периодот за спроведување на изборната кампања која почнува 20 дена пред денот на изборите, а завршува 24 часа пред денот на гласањето.“

вели Таневски и додава дека подготвките се одвиваат согласно законот. Денеска ДИК на седница ги утврдува сите детали.Според правниот експеерт Осман Кадру регулатива е јасна и косијата ке има капацитет да ја заврши работата со скратени термини

„Сметам дека нема никаква потреба за интерценија во составот на комисијата, а посебно и на претседателот. Сметам дека тие можат непречено да ја обавуваат функцијата, претседател односно член на ДИК.“

Но, сепак Кадриу додава дека може кусите рокови може да преставуваат можност за манипулација по денот на гласањето. Може да се јават проблеми во однос на скратените рокови за приговори од партиите во врска со евентуалните нерегуларности, објаснува тој:

„Се плашам дали ДИК и другите правни механизми на државата, ќе можат да ги решат и сите можни приговори и другите правни лекови кои ќе бидат поднесени, затоа што очекувам за време на овие избори и за време на самите избори, постои можност да има разни нерегуларности, инциденти, полнење на кутиите.“

Мисијата на ОБСЕ во Скопје пак сеуШте не е сигурна дали ке има свои набљудува;и на овие избори. Прво државата треба да прати покана па потоа ке се проценува дали во овие скратени рокови ќе можат да пратат свои набљудувачи, велат од ОБСЕ. Инаку ова се први предвремени избори од независноста на земјава. Опозицијата веќе излезе со сомневања за нивната нерегуларност обинувајќи го претседателот на комисијата Јован Јосифовски дека е човек на премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG