Достапни линкови

Вашингтон: САД остануваат стратешки партнер на Македонија, изјави Розмари Ди Карло


Соединетите Американски Држави остануваат стратешки партнер на Република Македонија и ќе помогнат во изнаоѓање на компромисно решение за името кое е пречка за евроатлантските интеграции на државата, истакнала Розмари Ди Карло помошник - заменик државен секретар во Стејт департментот на САД на синоќешната неформална средба со вицепремиерот Зоран Ставрески на приемот во Македонската амбасада во Вашингтон. Ни беше кажано дека САД ќе направат се што е во нивна моќ да ни помогнат да се постигне некаков компромис, решение кое што нема да биде на штета на нашиот национален идентитет, а сепак да го добиеме она што го сакаме, а тоа е членство во НАТО. И во тој дел ние остануваме отворени за понатамошните разговори и она што може да се направи во оваа фаза ќе го направиме и од наша страна и од страната на САД. Сепак треба и третиот партнер во овој процес да покаже добра волја, изјави вицепремиерот Ставрески, кој заедно со министерот за финансии Трајко Славески во Вашингтон присуствуваа на Пролетните средби на Меѓународниор Монетарен Фонд и Светската банка.
XS
SM
MD
LG