Достапни линкови

Намалениот ДДВ го „изедоа“ зголемените цени на хемикалиите, зе жалат земјоделците


Откако Охис не ги произведува, сите репроматеријали за земјоделието доаѓаат од надвор а тоа значи и за повисока цена. Ова заедно со поскапувањето на суровините за нивно произвиодство на глобално ниво, според земјоделците во голема мерка ги прави невидливи ефелтите од намалениот ДДВ од 18 на 5 проценти како мерка на владата за помош на земјоделците.

„Навистина имаше намалување од пет насто, но во меѓувреме сите суровини за изработка на тие хемикалии цените отидоа по нагорна линија. Така што, заедно со намалувањето на ДДВ-то, се изврши зголемување на овие цени. Но, сигурно е дека со старата стапка на ДДВ цените би биле уште за десет насто поскапи“

вели Данаил Паланков од федерацијата на фармерите на Република Македонија. Ако на ова се додаде покачувањето на ѓубривата за 100 проценти, тогаш може да се види колкава е тука придобивката за земјоделците, додава Дамјан Смилков од федерацијата на фаремери. Тој вели дека од намалениот ДДВ ефектите најмалку ги почувствувале земјоделците а дека главно профитирале увозниците на овие препарати од странство.

„Кога го донесоа законот, тоа беше септември, до декември имаше ефект. Следната година тие ги качија цените. Фирмите што увезуваат велат дека поскапеле цените и дека мора да ги покачат цените, јас верувам дека голем дел од данокот тие си го префрлија на нив во маржата. Најмногу профитираа,“

вели Смилков.

Хемикалиите учествиваат со 10-20 проценти во производството на земјоделските производи, во зацвисност од тоа што се произведува. За еден килограм од нив кој е доволен за половина хектар земјиште, земјоделците плаќаат по 25-30 евра. Во времето кога беше донесена владината мерка за намалување на ддв за набавка на репропматеријалите во земјоделието, во август 2006-тата, таа беше охтрабрување за решавање на напластените проблеми во аграрот. Со неа се очекување заштеда на три до пет милиони евра од страна на земјоделците на сметка на државниот буџет но многу поголема добивка од оствареното производство.
XS
SM
MD
LG