Достапни линкови

Нема опасност од влошување, оценка на аналитичарите


Нема опасност од влошување на безбедносната ситуација во земјава, по најновите случувања на македонската политичка сцена, оценуваат аналитичарите. Внатрешните проблеми, но и недобивањето покана за членство на Македонија во НАТО, не значи дестабилизација на состојбата дома, вели првиот човек на Балканскиот форум за безбедност, Благоја Марковски.

„Распуштањето на парламентот битно не би требало да се одрази врз безбедносната состојба во Република Македонија, бидејќи владата и понатаму породлжува да функционира како техничка, а со тоа и сите министерства. Полицијата и Армијата продолжуваат со своите редовни активности и од тој аспект не треба да се очекува никакво влошување на состојбите.“

Во овој период, очекуван е стравот кај граѓаните за нивната сигурност, но нема опасност од радикализација на состојбата посочува и проф.Назми Малики од Факултетот за општествени науки,

„Загрижување кај граѓаните постои и кај политичарите кои се сериозни во односот на градење стабилна безбедносна состојба во земјата. Но, нема и некоја битна измена затоа што ние продлжуваме во напорите за членство во НАТО и ЕУ. Не одиме кон менување на курсот.“

Сепак експертите не ја исклучуваат можноста од политички тензии во периодот што следува.

„Влошувањето е можно од аспект на тоа што веќе имаме и најавено и имаме и практика каде што се најавуваат остри препукувања меѓу политичките субјекти во Македонија и од тој аспект тие може да создаваат кризни моменти.“
„Овие избори се надеваме дека треба да бидат легитимни и да ги надминат грешките политичките партии што ги имале минатите избори.“


изјавија Марковски и Малики

Како ќе се одвива безбедносната ситуација ќе зависи од однесувањето на политичките лидери, прогнозираат експертите, според кои непотребната политичка реторика би можела да внесе дополнителен немир кај граѓаните, но и опасност од неконтролирани појави.
XS
SM
MD
LG