Достапни линкови

Собранието на Република Македонија се распушти, ќе има предвремени избори


Со 70 гласа ЗА, ниту еден воздржан и ниту еден против, собранието рано утринава изгласа самораспушатње.

„Констатирам дека Собранието ја донесе одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија. Да сте живи и здрави!“

во вакава атмосфера спикерот Георгиевски ги соопшти резултатите од гласањето околу 2 часот по полнок. Собраниската сала претходно ја напуштија пратенците од СДСМ и ЛДП.

„Почитувани пратеници коишто водите сметка за интересите на оваа држава и ја делите загриженоста на македонските граѓани Ве повикувам да не бидеме дел од оваа фарса. Да не го легализираме изборниот фалсификат,“

рече лидерката на СДСМ Радмила Шекеринска.

По донесувањето на одлуката спикерот Георгиевски рече дека е радосен затоа што ваквиот чин преставува победа на граганите. Сепак тој не можеше да прецизира кога би се одржале предвремните избори.

„Јас не можам да ви кажам. Треба да се направи добра студија и да се види која е најпогодна дата од аспект на рокови, климатски, законски.“

Подготевни сме за нови избори рече Рафиз Алити од ДУИ, пратеничката група која ја поденесе иницијативата за самораспуштање на собранието.

„Се надеваме дека Република Македонија ќе добие стабилна влада и парламент кој ќе функционира и ќе биде во интерес на евро интеграциите.“

Инаку на првиот ден од собраниската раправа за самораспуштањето се обрати и претседателот Бранко Црвенсковки кој се изјасни дека е против предвремени избори. Вчера доцна попладне на негова иницијатива се одржа и лидерска средба,а за тоа време собраниската седница беше во пауза. Во клубот на пратениците не присуствуваше само лидерот на ДПА Тачи. Груевски Шеќериснка и Ахмети рече Црвенсковски,се договориле да продолжат преговрите со Грција за името а бидејки Владата ке функцинира како техничка дополнителнителниот легитимет да се дава врз основа на информираноста.

„Сите три политички партии се согласија и прифатија, ќе видиме потоа како тоа во пракса ќе изгледа, ова прашање да не се злоупотребува во предизборната кампања од самите политички партии.“

Собрансиката седница траеше од четврток со кратки прекини до раните утрински часови. Помина во жестока атмосфера и напади меѓу власта и опзицијата. СДСМ, ЛДП, НСДП и некои помали пратенички групи беа против ваквата одлука, бидејќи сметаат дека во овој период изборите ќе не оддалечат од евроаталснките интеграции.
XS
SM
MD
LG