Достапни линкови

Пријателството ќе го надградиме преку потпишувањето на договорот со Вашингтон, изјавуваат во МНР


Одлуката за предвремени избори е одлука на македонските лидери и ние не заземаме став во однос на внатрешната политика. Соединетите држави и Македонија се пријатели, а таквото пријателство и тие односи не се определни со рокови. Сме и ќе продолжиме да бидеме добри пријатели со Македонија и ќе ја продолжиме нашата подршка за евроатлантските аспирации на земјата. Ни изјавија од Американската амбасада во Скопје, во врска со тоа дали прашањето за изборите може да влијае врз подршката од Вашингтон за брзо решавање на спорот со името од што зависи нашата покана за членство во НАТО. Во пресрет пак, на претстојаната посета на македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски на Вашингтон каде треба да се потпише договорот со Соединетите држави, во ммакедонското министерството за надворешни велат:

„Потпишувањето на еден посебен договор со САД ќе биде демонстрација на нивниот посебен и пријателски однос кон Република Македонија. Ние ќе направиме се од своја страна за да го задржиме ова стратешко партнерство со САД и да го надградиме користејќи ја оваа прилика и оваа посета на Вашингтон.“

Посочува Васко Андоновски портпарол на МНР. Исто така, Соединетите држави преку амбасадорката во НАТО Викторија Нуланд порачаа дека решението за спорот со името треба да се бара во кус период, денови и недели, а не месеци. Можно ли е Вашингтон да го изгуби трпението, откако енергијата на домашните политичари сега наместо кон НАТО и ЕУ, се пренасочува во идејата за организирање предвремени избори? Кога веќе е решено, изборите треба да се спроведат во најкус можен период во спротивно ќе ја изгубиме подршката, вели политикологот Ненад Марковиќ:

„Може да наштети ако се пролонгира, така да немислам дека ќе се јави било каков политички вакум доколку се реагира брзо. Проблемот е што сега условно кажано нема назад, сметам дека треба да се реагира брзо за да не се продолжи овој вакум.“

Професорот Владо Поповски истакнува дека иако изборите се внатрешна одлука, кога веќе сме се одлучиле на ваков чекор, мора да се искористи моментот и да не ја изгубиме американската подршка, а за тоа инсититуциите ќе мора да работат во континуитет:

„Можеби логично е во континуитет сите институции да се поврзани со таа активност, доколку таа активност се одвива навистина така брзо, има индикации за брзо решавање, но засега таа активност не е почната само, туку е најавена.“

Посочува професор Поповски.
XS
SM
MD
LG