Достапни линкови

logo-print

Не е време за предвремени избори


На собраниската седница, посветена на распуштање на собранието,која започна вчера свое обракање, имаше и претседателот на државата Бранко Црвенковски.Тој на пратениците им порача дека не е момент за одржување на предвремени избори и додаде:

„Посебен апел упатувам до лидерите на политичките партии. Огромна е одговорноста која лежи пред вас. За ваква одлука, каква што денеска е на дневен ред, никогаш не е доцна. Но, откако таа ќе се донесе, враќање назад нема. Почитувани пратеници, ова е тоа што сакав да ви го соопштам. Оттука натаму секој со својот прст и со својата одговорност.“

рече Црвенковски и истакна дека одлуката за распишување на предвремени избори е сосема легитимен чин и затоа, како што кажа, нема намера да ја оспорува,но доколку се прифати нема да има можност за преговори со Грција за разликите со името, а со тоа и за добивање покана за членство во НАТО.

„Имајќи ги предвид моите уставни надлежности во надворешната и безбедносната сфера, не можам и не сакам да се ослободам од одговорноста да го информирам Собранието за сите можни последици и консеквенци по државата, кои според моја оценка би настанале доколку иницијативата би била прифатена.“

Пред обракањето на претседателот Црвенковски, од името на ДУИ кои се и поднесувачи на иницијативата за предвремени избори се обрати потпретседателот на партијата Рафиз Алити. Тој образложи дека иницијативата е преземена за отварање на патот за евроатланските интеграции на Македонија во најзначајните моменти за иднината на државата.

„Мислиме дека ние треба да им дадеме шанса на граѓаните, директно, непосредно да го дадат својот придонес да имаат поефикасни и попродуктивни инстиутуции. Неефикасноста, деградацијата на државните институции во овие последни две години не убедија во правичноста на нашата одлука. Мислиме дека во овие моменти изборите се единственото решение.“

Согласно правилата, предвремените избори треба да се одржат во рок од 60 дена, односно би се спровеле најдоцна до 10 јуни.
XS
SM
MD
LG